Тамара во Еден на Еден: Една столица да ставиш на сцена е 2.000 евра

За досегашното искуство со Евровизија, но и што сака да смени оваа година. Тамара Тодевска во „Еден на Еден“ откри дека сака да има светски настап и да им покаже на другите дека и „Македонците знаат
како треба“.

Пејачката кај Жаре зборуваше за нејзините две деца, Хана и Дарен, за сопругот Мачка и како тие ја промениле.

Екипата на „Еден на Еден“ имаше подготвено и изненадување за неа - куклена претстава за Хана, но и видеопорака од нејзината пријателка Катарина Ивановска, која ѝ соопшти дека цело друштво ќе ја бодри во
Тел Авив.

Доколку ја пропуштивте на телевизија, Еден на Еден епизодата со Тамара е достапна и на „Јутјуб“: