Ново

Еден на Еден влезе во семејството на Superbrands Macedonia

Супербрендс Македонија повторно даде можност на македонските брендови и компании да ја потврдат својата успешност пред домашната публика и светската Superbrands јавност. 23 македонски брендови ја добија наградата Superbrand за 2017/2018 од страна на стручното жири.

Покрај брендови како Стоби Флипс, Радио Буба Мара, повеќе финансиски, фармацевтски и автомобилски брендови, награда од стручното жири доби и маркетинг агенцијата Еден на Еден.

Наградата беше примена од Жарко Димитриоски, кого јавноста го знае како Жаре Еден на Еден, авторот и водител на најгледаното телевизиско ток-шоу во Македонија.

Во изминатите четири години Еден на Еден беа добитници на дури три награди за емисија на годината на Златна Бубамара на Популарноста, добија повеќе регионални маркетинг признанија, а Жаре ја доби и наградата за Претприемач на годината во Македонија, доделена од Стопанските комори и Министерството за економија. Како круна на успесите, во 2018-та беше ставен меѓу 30-те најдобри медиа и маркетинг претприемачи под 30 години во Европа, според Forbes магазинот.

“За овие години изградивме огромна доверба кај нашите маркетинг клиенти. Оние со кои работиме најмногу и најдолго, буквално не сметаат како нивен продолжен оддел, тоа е исклучително тешко да се постигне и е нешто на што сме особено горди” – истакна Жаре при подигнувањето на наградата.

Тамара во „Еден на Еден“: „Евровизија“ е скап спорт

Евровизиската песна сѐ уште се крчка, открива Тамара Тодевска во неделното издание на „Еден на Еден“, каде пејачката зборува за тоа колку голем притисок чувствува затоа што сака да се претставиме најдобро до сега.

Во студиото кај Жаре со неа е и ќеркичката Хана, а за неа и за синот Дарен Тамара вели дека ја направија подобра личност.

- Ме дефинираа - вели Тамара.

Многу теми, многу муабети, но и две врвни изведби заедно со Гуру Харе бенд - не ја пропуштајте „Еден на Еден“ со Тамара во недела од 18:30 на Канал 5 телевизија.

Побрзајте! Уште само три дена со попусти до 70%

Изминатите денови сите патишта водат до Рамстор мол!

Остануваат уште само 3 дена од традиционалната градска шопинг манија – Гараж сејл.

Во сите продавници на Рамстор мол во тек е генералната чистка со неверојатно ниски цени, акции и попусти до 70%. Веќе 10-ти пат по ред вашиот омилени трговски центар прави чистка и производите се вадат надвор, создавајќи достапност и непосредност со купувачите.

Искористете ја оваа неодолива можност за целосно подновување на гардеробата, нова спортска опрема, квалитетни обувки, колекција на модни додатоци, дури и предмети за опремување на домот! Сето тоа по исклучително намалени цени!

Побрзајте на Гараж сејл во Рамстор мол кој трае само уште овој викенд.