Ново

Жељко Самарџиќ во „Еден на Еден“: На граница ми рекоа - избричи си ја брадата

Расположен за муабет и за пеење, Жељко Самарџиќ беше одличен гостин во новата епизода на „Еден на Еден“. Пејачот, кој неодамна го промени својот изглед, раскажа дека многумина му велат да се врати по старо,
но и дека нему самиот некогаш му е тешко да се навикне.

Самарџиќ зборуваше за почетоците и времето кога никој на Балканот не го знаел, а тој растурал низ Русија.

Призна дека работи на својот изглед и планира да ослабне пред концертот на 16 февруари во Скопје. Зборуваше и за жените во неговиот живот, но најмногу за ќерката Миња за која вели е неверојатна, но мора да ја надмине тремата дека е ќерка на Жељко Самарџиќ.

Сѐ на сѐ, одлична „Еден на Еден“ епизода, која веќе може да ја гледате и на „Јутјуб“.

Во недела, во редовниот термин од 18:30 на Канал 5, во „Еден на Еден“ ќе гостува Тамара Тодевска