Ново

Фчерашни Новости со ексклузивно интервју со непријател на државните служби

Фчерашни Новости во најновата епизода направија интервју со еден непријател на државните служби. Алфа и Буби затекнати во нова акција. Дознајте каде овојпат дејствуваше „Брзата помош“.

Недела 19:30 минути. Канал 5 телевизија. Бидете таму.

Самарџиќ во „Еден на Еден“: Ќе ослабам 10 килограми до концертот во Скопје

Ретко кој го препознава со новиот изглед кога првпат ќе го види, а Жељко Самарџиќ вели дека некогаш и самиот не може да ја гледа својата брада во огледало.

-          Посебно кога имам мамурлук, па е целата бушава, се смее  пејачот на каучот кај Жаре.

Во новата епизода на „Еден на Еден“, Самарџиќ зборува за многуте турнеи низ светот, но посебно ги памети оние низ Русија.

-          Кога никој на овие простори не знаеше за мене, јас снимив преку 3 милиони плочи во Русија, раскажува тој.

Самарџиќ рече дека е на диета и дека верува дека до концертот во Скопје, на 16 февруари, ќе има 10 килограми помалку. Во „Еден на Еден“ тој зборуваше и за неговото детство и семејството, а не пропушти ни на
запее нешто специјално за публиката на емисијата.

Не го пропуштајте Жељко Самарџиќ во „Еден на Еден“, оваа недела од 18:30 часот на Канал 5 телевизија.