Ново

Која е новата вакцина со која ќе се вакцинираат политичарите?

Од Исланд на Балконот, Јапонија на истокот, ви доаѓаа новата епизода на „Фчерашни новости“. Екипата која ревносно го изложуваше својот респираторен систем на ПМ честичките само за да ви ги донесе последните новости од Македонија, во 21 епизода од 4 сезона ви донесе:

- Фчерашни на терен: Вакцинација на нова група на граѓани!

- Ексклузивно јавување од иднината

- Шокантно: Дали некој од македонските револуционери ќе прифати кандидатура за претседател?

Во редакцијата на „Фчерашни новости“ веќе се подготвуваат новите содржини, но до недела, 19:30 часот, следете ги на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и на fn.mk

„Еден на Еден“: Епизода и документарец посветени на Тоше

Многу досега некажани приказни од неговите пријатели, со многу сеќавања, емоции и песни - вака помина Еден на Еден епизодата посветена на Тоше Проески.

Новинарката Соња Алексовска Неделковска, автор на книгата за Тоше и сопруга на текстописецот Огнен Неделковски, зборуваше за првите средби со Тоше, за неговите девојки, за тоа колку енергија и невиност носеше во себе. Таа откри како настанале дел од првите песни како „Во коси да ти спијам“ и „Сонце во твоите руси коси“.

Елена Ристеска откри дека навистина ѝ значело пријателството со Тоше.

- Знаевме со часови да се возиме и да слушаме музика, откри пејачката додавајќи дека иако никогаш немало ништо повеќе меѓу нив, многу добро се разбирале меѓусебно.

Иван Мирчевски зборуваше за 2004, годината кога како шеф на евровизиската делегација со Тоше заминаа во Истанбул.

- Имаше доста сплетки Тоше да не добие добра песна за „Евровизија“, открива Мирчевски додавајќи дека е огорчен за сè она што тогаш се случувало.

На крај, во студиото Жаре го пречека и внукот на Тоше, Кристијан Ристески, кој зборуваше за својот вујко и сите моменти на кои се сеќава.

Низ целата емисија на песните на Тоше заедно со неговиот бенд - Гуру Харе бенд, потсетија Елена Ристеска, како и Антониа Гиговска и Александар Тарабунов, кои беа дел од мјузиклот „Тајно моја“.

Покрај емисијата, „Еден на Еден“ вчера на „Јутјуб“ го објави документарниот филм „По тебе“, кој во 2011 година, како дел од А1, го создаде Жаре заедно со екипа од телевизијата. Филмот беше прикажан
само еднаш на телевизија, но сега е достапен на каналот на „Еден на Еден“.

Во него ги гледаме Игор Џамбазов, Калиопи, Гаро Тавитјан и уште многу пријатели и соработници на Тоше Проески.

Македонци се испотепале во црква во Мелбурн

Македонци кои живеат и работат во Австралија се испотепале во црквата Св. Димитрија во Спрингвел, Мелбурн. Причината за ваквото нецивилизирано однесување во еден соборен храм, се уште не е јасна.

Извор: јутјуб канал на Фаланга