Ново

Фчерашни Новости доби новогодишна честита од Будимпешта

Фчерашни Новости откриваат кога ќе биде готова пругата Македонија - Бугарија. Кои се препораките на професор доктор Јоци за новогодишната вечер и најексклузивно, фчерашни доби честитка од Будимпешта.

Еден на Еден времеплов: Како го дочекувавме 1 јануари низ годините

Во последната Еден на Еден епизода за оваа година екипата подготви специјална новогодишна емисија. Жарко Збрефтов имаше интервју со Дедо Мраз, а се направи и комина паралела на дочекот на Нова година кога бевме деца и дочекот сега. Со времеплов беа покажани и дочеците на Нова година од осамостојувањето на Македонија. 

Свој мини концерт со новогодишни, но и негови хитови, имаше Влатко Лозаноски - Лозано, а Гуру Харе бенд ќе добие и засилување со Дамир Имери.

Во недела, 6 декември, од 18:30 часот на Канал 5, ќе го гледаме и Божиќниот Еден на Еден специјал, кога ќе ги слушаме најубавите македонски евергрини.