Ново

Ексклузивно за Фчерашни новости, Груевски испрати новогодишна честитка од Будимпешта

Во предновогодишната Фчерашни епизода, последни ќе дознаете и како помина новата акција на  Алфа и Буби против пиротехниката, како и што ни препорачува професор Јоци за новогодишната ноќ.

Гледајте ја последната „Фчерашни новости“ за оваа година во недела, 30 декември, од 19:30 часот на Канал 5 и во живо на „Фејсбук“.

Што ќе гледаме во новогодишниот Еден на Еден специјал?

Во недела ќе ја гледаме последната Еден на Еден епизода за оваа година. Екипата за Нова година подготви специјална емисија, поразлична од оние што досега ги гледавме во сезона 10. Свој мини концерт со новогодишни, но и негови хитови, ќе има Влатко Лозаноски - Лозано, а Гуру Харе бенд ќе добие и засилување со Дамир Имери

Жарко Збрефтов, новогодишни скечеви, незибежното прелистување на актуелните теми - се само дел од работите кои ќе ги гледаме во Новогодишниот Еден на Еден специјал. 

Придружете му се на Жаре и екипата во недела, 30 декември, од 18:30 часот на Канал 5. „Ајде да ја завршиме годината заедно!“, порачуваат тие.