Ново

Новогодишна елка на желби

Најубавото нешто на светот е детската насмевка, а Новата година е вистинко време да подариме насмевки на детските лица.

Оваа година по јубилеен 10-ти пат, Рамстор Мол во соработка со Црвен Крст на град Скопје ја организира хуманитарната акција за децата сместени во згрижувачки семејства наречена „Новогодишна елка на желби“.

Денес (04.12.2018) во 10:30 часот дечињата ќе имаат шанса да ги напишат своите новогодишни желби на ливчиња во форма на лампиони, со кои ќе ја накитат елката на желби поставена во Рамстор Мол.

Сите хумани посетители на Рамстор Мол ќе можат да изберат еден или повеќе лампиони од елката со што ќе учествуваат во исполнувањето на детските желби и ќе го купат посакуваниот подарок, а со тоа ќе подарат насмевка на детските лица.

Акцијата ќе трае до 27.12.2018 година кога дечињата ќе ги добијат своите подароци.

Бидете дел од оваа хумана акција и исполнете барем една искрена, детска новогодишна желба.