Ново

Џаро во Еден на Еден открива како го намести натпреварот Македонија-Ирска

Како го наместил натпреварот помеѓу Ирска и Македонија или како полиција казнувала возачи за зимска опрема за да може да му позајми пари. Која и приказна да ја слушате од Џаро ќе ви се чини неверојатна. Затоа, доколку ја пропуштивте Еден на Еден епизодата со Велибор Џаровски-Џаро, подгответе се за едночасовно смеење на сите анегдоти со него и пуштете си ја на „Јутјуб“: 

Покрај Џаро, ги гледаме и „Пеперминт“ и нивниот нов хит „Фан на Лазар Бараков“, а Жаре зборува и за лековите за смирување и зависноста на Македонците од нив. Во недела следи нова епизода на најгледаното ток-шоу, а во студио доаѓа балканската ѕвезда Лепа Брена. 

Каква петарда од човек

Ако некогаш сте се прашувале што ќе се случи ако ставиш петарда во фрижидер и тоа во длабоко замрзнување, сега не мора веќе да се прашувате. Сме ве спасиле од купување на нов фрижидер.