Ново

Фчерашни Новости во Унгарија: Што прави Никола Груевски на гости кај Виктор Орбан?

Камерите на „Фчерашни новости“ имаа ексклузивна можност да го снимаат животот на Никола Груевски после бегството. Дознајте сѐ за раѓањето на едно прекрасно пријателство, она помеѓу нашиот експремиер и премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Во новата епизода на Фчерашни, покрај оваа нежна приказна, екипата ви носи уште многу новости:

- Дознаваме: Кои се новите мерки на Владата против корупцијата?

- Откриваме: Каква епидемија владее во Македонија?

- Мит или вистина: Дали каменот од блиску доаѓа?

Гледајте ги „Фчерашни новости“ и следната недела од 19:30 на Канал 5, а дотогаш, останете во тек со екипата на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и на fn.mk

Изгледа одлично на 46: Милан му ја откри тајната на Жаре

Претставата „Кој е тука идиотМилан Калиниќ и Срѓан Ивановиќ ја играат скоро две децении. Затоа, не е чудно кога ќе ги видите колку добро се надополнуваат во шегите и надвор од сцената. Тие се кумови и колеги, а пред сѐ одлични комичари, што ја прави новата „Еден на Еден“ епизода задоволство за гледање! 

Калиниќ и Ивановиќ зборуваат за нивните почетоци, семејствата, фудбалот, ријалити програмите и уште многу други теми.

Тука се и буквално преведените хитови на Жаре, но и внукот на Спасе, кој се јавува од иднината да побара помош. 

Кој ја пропуштил, овде може да ја погледнете новата епизода на „Еден на Еден“:

Во недела, пак, во новата епизода на „Еден на Еден“ гостува легендарниот Велибор Џаровски - Џаро