Ново

Фчерашни Новости дознаваат кој е новиот метод на Владата за откривање корупција

Фчерашни Новости во новата епизода дознаваат кој е новиот метод на Владата за откривање на корупција. Дознајте каква епидемија во последните години владее во Македонија. Фчерашни на уште еден протест против загадувањето на воздухот. Се тоа и многу други прилози, ќе може да погледнете во новата епизода на Фчерашни Новости.

Калиниќ во Еден на Еден: Ќе бидам искрен, не е само спорт, туку и квалитетна дрога

Кажете и „не“ на дрогата, ама ако веќе велите „да“ - нека е квалитетна, се смее Милан Калиниќ во новата епизода на „Еден на Еден“. Српскиот актер на каучот кај Жаре е во друштво на неговиот колега и кум, Срѓан Ивановиќ и ова е само дел од смеењето кое што ве чека во недела. 

Калиниќ и Ивановиќ зборуваат за нивната претстава, почетоците, дружбата и семејството. 

Во „Еден на Еден“ ќе чуеме и глас кој одамна не го исполнил студиото - оној на Спасе! 

Не ја пропуштајте „Еден на Еден“ оваа недела од 18:30 на Канал 5.