Ново

Инструментот со кој се прави музика за хорор филмови

Марк Корвен е композитор кој работи на хорор филмови, односно он е крив затоа што во даден момент од музиката ти се наежува кожата. Бидејќи му здосадило да користи темплејти кои доаѓаат со програмите за музика, го замолил својот пријател гитарист Тони Дуган-Смит да му направи инструмент кој ќе ги содржи сите неопходни тракатанци за да може да создава музика за хорор филмови. И еве го инструментот.

Со скршена нога ги лазеше последните 200 метри од маратонот

Јапонка која учествувала на маратонот со штафета го потврди тоа што спортистите секогаш го велат „никогаш не се откажувај“. На само 200 метри пред крајот, паднала и го скршила зглобот. За да не ги дисквалификуваат, Јапонката продолжила да лази до самиот крај, за да и ја предаде штафетата на наредната атлетичарка. Е ова е спортски дух.