Камера во ѕвончето го спасило за да не му ја ограбат куќата

Добро е кога човек се грижи за сопствениот имот од крадци. Момаков инсталирал детектор на движење и камера во ѕвончето која праќа порака кога има некој пред врата. Крадците дошле за да го ограбат сред бел ден и откако виделе дека никој не одговара на ѕвонење и тропање, почнале да ја обиваат вратата. За среќа камерата во ѕвончето има и звучник па може да се раздереш.