Ново

Фчерашни Новости откриваат кој сака да биде Кочо Анѓушев?

Ново шоу во Фчерашни Новости „Каква храна се јаде низ македонските кујни“. Ексклузивно, зошто се ослободени борците на ОНА од плаќање комуналии. Фчерашни откриваат кој и што ќе добие во новите политички игри, а не се заборавени ни македонските поговорки, за кои фчерашни ќе проверат дали се вистина или мит.

За новите гради и свињите во комшии - одлична Еден на Еден со Миа и Милена

Во вчерашната епизода на „Еден на Еден“, Миа Костова отворено зборуваше за корекциите на телото, боткоксот, филерите, нејзините нови гради, самата операција, процесот, големината…

- Ако Цеца има петка, Карлеуша пет и пол, јас сум слаба четворка – ги опиша таа своите нови гради.

Покрај ова, Костова зборуваше за синот Андрија, „Бекстејџ“, инфлуенсерите, социјалните медиуми…

Во една исклучително позитивна епизода на најгледаното ток-шоу, на каучот кај Жаре, на Миа друштво ѝ правеше колешката Милена Антовска Станковска, која зборуваше за новиот проект „Сподели проблем со
Милена“ и што сѐ ги мачи македонските граѓани.

Сите оние што ја пропуштија новата епизода, може да ја погледнат на „Јутјуб“:

Следната епизода е во недела од 18:30 часот на Канал 5, кога во студиото гостува актерот и водител Тарик Филиповиќ.