Ново

За новите гради и свињите во комшии - одлична Еден на Еден со Миа и Милена

Во вчерашната епизода на „Еден на Еден“, Миа Костова отворено зборуваше за корекциите на телото, боткоксот, филерите, нејзините нови гради, самата операција, процесот, големината…

- Ако Цеца има петка, Карлеуша пет и пол, јас сум слаба четворка – ги опиша таа своите нови гради.

Покрај ова, Костова зборуваше за синот Андрија, „Бекстејџ“, инфлуенсерите, социјалните медиуми…

Во една исклучително позитивна епизода на најгледаното ток-шоу, на каучот кај Жаре, на Миа друштво ѝ правеше колешката Милена Антовска Станковска, која зборуваше за новиот проект „Сподели проблем со
Милена“ и што сѐ ги мачи македонските граѓани.

Сите оние што ја пропуштија новата епизода, може да ја погледнат на „Јутјуб“:

Следната епизода е во недела од 18:30 часот на Канал 5, кога во студиото гостува актерот и водител Тарик Филиповиќ.