Ново

Фчерашни Новости дознаваат кој што ќе добие во новите политички игри

Фчерашни како Макбастерс! Оваа недела екипата ќе разоткрие одговори на неколку прашања што нѐ мачат во новиот серијал наречен „Макбастерс“. За почеток ќе дознаеме -

- Македонски народни поговорки: Вистина или мит?

Од другите фчерашни новости, во новата епизода зборуваме за тоа што командантите од ОНА се ослободени од плаќање на комуналии и за тоа кој што ќе добие во новите политички игри?

Не ја пропуштајте и оваа неделна доза на „Фчерашни новости“ во недела од 19:30 на Канал 5!

Познатите водителки Миа и Милена во „Еден на Еден“

Две од најпознатите македонски водителки во недела во улога на гости на каучот кај Жарко Димитриоски. Во доста динамични 60тина минути, Миа Костова во Еден на Еден отворено и детално зборува за естетските корекции, операцијата на градите, приватниот живот. Милена Антовска Станковска, пак, открива какви сѐ проблеми досега споделиле со неа гледачите во „Сподели проблем со Милена“ и уште многу други анегдоти. 

Во третата епизода ќе гледаме и нова ТОП 5 листа, ќе слушаме буквално преведени хитови, ќе дознаеме и доста тоа за градскиот превоз и автобусите...

Од екипата на Еден на Еден ветуваат одлична забава и оваа недела од 18:30 часот на Канал 5 телевизија. Гледајте!