Ново

Дали го фативме последниот воз за ЕУ - дознајте во новата епизода на Фчерашни Новости

Фчерашни Новости во најновата епизода дознаваат како поминаа последните случувања во организацијата. Дали го фативме последниот воз за ЕУ? Ќе ги гледаме Алфа и Буби во најновата акција „хејт спич“. Фчерашни исто така дознава дали ќе има промена на времето по промената на името? Гледајте ја најновата епизода во недела во 19:30 часот на Канал 5 телевизија.

Мирот си го наоѓам на Водно – Здравко Чолиќ во Еден на Еден

Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ во недела за првпат гостува во „Еден на Еден“. Легендарниот Чола во студиото кај Жарко Димитриоски беше пречекан од голема група на обожаватели, кои први имаа можност да ги чујат неговите приказни.

Тој раскажа за неговите почетоци, за авантурите со неговиот некогашен менаџер, легендарниот Џаро, за концертите, песните, посебната врска со Македонија.

Сѐ на сѐ, нѐ чека уште една одлична епизода од најгледаното ток-шоу „Еден на Еден“! Не ја пропуштајте оваа недела од 18:30 часот на Канал 5 телевизија.