Ново

Golden Art на саемот за градежништво RealExpo – посетете нè!

Од 24 до 27 октомври Golden Art ќе ја претстави својата понуда на меѓународниот саем за градежништво RealExpo кој се одржува во СЦ Борис Трајковски.

Посете го нашиот штанд во хала 2 од среда до недела и информирајте се за понудата во објектите GA07 и GA08 во Аеродром. И двата објекти се наоѓаат на одлична локација, блиску до училишта, градинки и супермаркети, а системот на градба Golden Art кој се применува кај сите наши објекти претставува гаранција дека во домот ќе уживаат и идните генерации. Бидејќи заслужувате дом. Не само стан.

На штандот на GA ќе биде и новата маскота на Golden Art, мајстор Златко, кој секоја недела ви ги носи најновите вести од објектите кои се во изградба.

Меѓународниот сaeм на грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja, претставува значајна специјализирана манифестација која подразбира сестрана промоција на оваа стопанска гранка на производителите од Македонија и од странство, а работното време е секој ден од 10 до 19 часот.