Фчерашни Новости дознава што си кажаа Никола Димитров и Никос Коѕијас по телефон

Фчерашни Новости во својата најнова епизода дознава дали партиите ќе си подадат рака и ќе се помират. Што си рекоа Никола Димитров и Никос Коѕијас по телефон. Ексклузивно Фчерашни дознаваат како се кроеше буџетот на Република Македонија. И најексклузивно, за што точно гласаа пратениците со Собрание во петокот.

Почна сезона 10 на „Еден на Еден“

Кога мислам на него мислам на солзи. Ова за неговиот колега и долгогодишен пријател Ванчо Петрушевски го призна Гоце Тодоровски.

- Заедно бевме 54 години, повеќе бев со него отколку со себе - вели Тодоровски. 

Легендарниот актер, со кога растат генерации и генерации, ја отвори десеттата сезона на најпопуларното ток-шоу во Македонија, „Еден на Еден“. На каучот кај Жарко Димитриоски, Гоце зборуваше за златните времиња на театарот, за состојбата во Драмски театар и многу други анегдоти. 

Иако покрај него требаше да гостува и уште една легенда, Благода Чорески, поради здравствени проблеми тој овојпат не дојде во студиото на „Еден на Еден“. Во телефонскиот разговор со него, Чоре кажа дека е добро иако му претстои операција по нападот на хернија, но наскоро ќе гостува во живо. 

Во првата епизода од сезона 10 гостуваа и фантастичните „Дупер“, новиот музички хит во Македонија. 

Ова и многу повеќе во првата „Еден на Еден“ која веќе може да ја гледате и на „Јутјуб“: 

Гледајте „Еден на Еден“ секоја неделa од 18:30 на Канал 5. На големо задоволство на публиката, во следната епизода ќе гостува балканската ѕвезда Здравко Чолиќ.