Ново

Почна сезона 10 на „Еден на Еден“

Кога мислам на него мислам на солзи. Ова за неговиот колега и долгогодишен пријател Ванчо Петрушевски го призна Гоце Тодоровски.

- Заедно бевме 54 години, повеќе бев со него отколку со себе - вели Тодоровски. 

Легендарниот актер, со кога растат генерации и генерации, ја отвори десеттата сезона на најпопуларното ток-шоу во Македонија, „Еден на Еден“. На каучот кај Жарко Димитриоски, Гоце зборуваше за златните времиња на театарот, за состојбата во Драмски театар и многу други анегдоти. 

Иако покрај него требаше да гостува и уште една легенда, Благода Чорески, поради здравствени проблеми тој овојпат не дојде во студиото на „Еден на Еден“. Во телефонскиот разговор со него, Чоре кажа дека е добро иако му претстои операција по нападот на хернија, но наскоро ќе гостува во живо. 

Во првата епизода од сезона 10 гостуваа и фантастичните „Дупер“, новиот музички хит во Македонија. 

Ова и многу повеќе во првата „Еден на Еден“ која веќе може да ја гледате и на „Јутјуб“: 

Гледајте „Еден на Еден“ секоја неделa од 18:30 на Канал 5. На големо задоволство на публиката, во следната епизода ќе гостува балканската ѕвезда Здравко Чолиќ. 

Што се случува во Собрание во моментов!? (видео)

Собранието на Република Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт и според Уставот на Република Македонија може да биде составено од 120 до 140 пратеници, но во сите досегашни состави биле избирани по 120 пратеници. Што точно се случува во Собранието во моментов не знаеме бидејќи немаме новинар на терен. Сепак еве ви видео од отварање на „Лидл“ во Србија.