Ново

Фчерашни открива дали партиите во Македонија ќе си подадат рака

И оваа недела нѐ чека нова епизода на „Фчерашни новости“. Овојпат, од оваа ревносната екипа последни ќе дознаете:

- Фчерашни открива: Дали партиите ќе си подадат рака?

- Фчерашни дознава: Како се крои буџетот на Република Македонија?

- Фчерашни ексклузива: Какви дипломи имаат чуварите на јавниот ред и мир?

- Фчерашни на терен: Како помина есенското врзување на јаболкниците?

Гледајте „Фчерашни новости“ во недела од 19:30 часот на Канал 5 телевизија.

Гоце Тодоровски и „Дупер“ гости во првата епизода на „Еден на Еден“

Започнува 10-тата сезона на нагледаното ток-шоу во Македонија „Еден на еден“. Емисијата на Жарко Димитриоски започнува со гостувањето на легендарниот Гоце Тодоровски, како и со посебен поздрав до човекот со кого се уште растат генерации – Ванчо Петрушевски. Во студиото имаше дружба и со новиот македонски музички хит - бендот „Дупер“. 

Новитет годинава се и Гуру Харе бенд, кои ќе бидат музичка поддршка во текот на целата сезона. 

Гледајте ја првата епизода на „Еден на Еден“ во недела, 21 октомври, од 18:30 на Канал 5 телевизија. 

Од студиото со црни завеси во А2 и еден навидум обичен тв- проект осмислен од Жарко Димитриоски, „Еден на Еден“ денеска е супербренд и единственото вечерно телевизиско шоу кое една деценија успешно опстојува во македонскиот етер. 
Преку А1, МКЦ , Алфа, Телма и Канал 5, со преку 230 епизоди и 300 гостувања на домашни и странски ѕвезди, јавни и нејавни личности, со многу скечеви, смеење, музика и илјадници минути на квалитетно исполнет контент, „Еден на еден“ ја започнува и следната приказна наречена сезона 10.