Фчерашни Новости со ексклузивна снимка од пречекот на Ангела Меркел

Започна долгоочекуваната четврта сезона на „Фчерашни Новости“. Во првата епизода Фчерашни разговараше со експерт за евроинтеграции. Ексклузивно ни прикажаа како изгледа еден современ мешан брак. Воедно Фчерашни се појавија и на дваесет и седмиот роденден на Македонија, а погледнете што точно си кажаа Зоран Заев и Ангела Меркел на истиот ден. Уживајте во целата епизода.

Ако портпаролот на Влада беше дел од К-15

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, освен својата улога на пресконференција да и пренесе на јавноста што се случува на седниците, тој често знае да застане пред камерата на мобилниот телефон и за социјалните мрежи да најави што моментално се случува во Владата. Неговите најави се несекојдневни и наликуваат на еден лик кој најавуваше скечеви во К-15, па се запрашавме како би изгледало ако портпаролот на тој начин ги најавува и случките во Влада.

За тие што не се сеќаваат на Никола Бошков, еве мало потсетување.