Ново

Ако портпаролот на Влада беше дел од К-15

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, освен својата улога на пресконференција да и пренесе на јавноста што се случува на седниците, тој често знае да застане пред камерата на мобилниот телефон и за социјалните мрежи да најави што моментално се случува во Владата. Неговите најави се несекојдневни и наликуваат на еден лик кој најавуваше скечеви во К-15, па се запрашавме како би изгледало ако портпаролот на тој начин ги најавува и случките во Влада.

За тие што не се сеќаваат на Никола Бошков, еве мало потсетување.

 

Кога си најмалото дете во семејството

Цело семејство се договара да го насамари најмалото дете да верува дека сестра и ќе и направи трик за да биде невидлива. Толку се убедливи во својата глума што девојчето на крај испаничи.

Како да настинеш на мотор

Добра ствар е што девојкава носи кацига кога е на мотор. Лошо е што ако ја види баба и дека вака вози мотор има метлата од неа да ја искрши.