Ново

10 начини како да се ослободиш од комарците

Комарци - ќе беше убаво да цицаат сало наместо крв хехехехехе. Убо шо не остана крв од извршители и политичари па комарците сега се осеќаат ко невработен во Етиопија. Сепак уште ги има, а ние имаме корисни совети за тоа како да се спасите од тие мали напасници. Советите се препорачани од доктор примариус Мариета Хаџипашиќ професор на факултетот по биологија и менаџирање со човечки ресурси во фирми каде што газдата е гад при Универзитетот во Долно Коларе.

1. Преселете се на Исланд

2. Заѕидајте ги вратите и прозорите, но тука внимавајте да не има веќе комарец во собата па да останете со него

3. Споделете икона која исполнува желби на Фејсбук и како желба замислете да нема комарци во вашиот дом

4. Пуштете кој бил албум од Нови Дечки и комарците или инстантно ќе се неутрализираат или воопшто нема да влегуваат во вашиот дом, но ова може да има последици и по вашето психичко здравје

5. Комарците имаат омилени типови на крвини групи па така одберете партнер што го сакаат комарците и ќе сте рајат цел живот или додека не ве остави

6. Спијте со алигатор во собата. Комарците ќе ви се најмал проблем

7. Ракија. Лек што лечи Ебола, гребнато од мачка, мала СИДА, разни духовни растројства и отвора мозокот за лагите кои ни ги сервираат од ЦИА преку змиското гнездо Ватикан и нивните слуги од вавилонската блудница Брисел. Имено, според истражувањето спроведено во заводот на Универзитетот во Долно Коларе, поради малата тежина и интолерантноста на алкохол комарецот по иницијалниот убод веќе има промили над дозволеното со што му е страв да замине дома и ќе легне да му се намалат промилите со што ќе бидете оставени на рајат да уживате во вашиот сон

8. Спијте во нуркачко одело

9. Во собата чуајте слика од Оливер Спасовски. Но постои можност во тој случај и вие да не заспиете

10. Не цвикајте. Комарци се, не ве каснала кобра