Ново

11 подароци кои можеме да му ги купиме на Метју Нимиц за пензионирањето

Сите добри работи мора да завршат. Па така заврши и работата на човекот кој можеби имаше најдобро работно место во светот. Еднаш годишно да дојде во Македонија и Грција на одмор и да си замине. Сметките му ги поматија Заев и Ципрас и сега човекот е без работа, но има 15 години стаж и старост за да купи куќа во Мариово, да гледа неколку кози колку куќата да има млеко и да сади домати. Сепак во знак на благодарност треба нешто да му подариме. Па еве некои предлози кои ги пуштивме и до vlada@gov.mk

1. Пошто не можеме директно да му ги пресадиме живците што ги изгуби овие години можеме ваучер за релакс масажа. Уствари два и за госпожата нека има, никогаш не сме биле скржав народ

2. Почесно државјанство на Република Северна Македонија, нека се радува кумот

3. 1000-че па нека си одбери сам шо сака

4. Портрет насликан од Благица Павловска



5. Јанко Бачев, нека го носи

6. Патриотско кафе



7. Нека си одбере споменик по своја желба за во дворот

8. Советничко место во влада, да не остани без леб чоекот

9. Гоблен нешто како “Тајната вечера“ само со ликовите на Нимиц, Заев, Ципрас и сите шо учествувале во преговорите

10. Комплетна дискографија на Трифун Костовски, нека пати за то шо ни го напрај

11. Камен од месечината каде што стапнавме први уште далечната 1878-ма година