Ново

13 работи што ги очекуваме од обраќањето на Ѓорѓе Иванов

Возбудлив ден на политичката сцена. Нема ни 12 и 15, а веќе Иванов успеа да ги избрка Заев и Димитров од кај него дома, да најави дека ќе има прес конференција. А има уште половина ден да се случуваат срања во државата која уште не знаеме како се вика. Сепак да видиме што може да се очекува од прес конференцијата на претседателот!

1. Совети за тоа како да се одржи фикус на овие летни горештини

2. Конечно да ја открие мистеријата зад “Разумен компромис е разумен компромис“

3. Да амнестира некој на несакање, во навика му прејде

4. Да ги замоли граѓаните да се облекуваат потпло оти сега кога ќе сме северна ќе е постудено па да не настинат

5. Ќе има прес на бенч, не конференција. 75 кг без шипката. Ѕвер!

6. Ќе ја открие тајната дали Колинда има добри гради. Иако сите знаеме



7. Ќе поќути малку. Останал без зборови

8. Уште еден ваков трогателен говор кој ќе ја расплаче нацијата и ќе влезе во аналите на ораторството
 

9. Едно е сигурно од пресот, ќе им го заеби денот на тие што седат зад него. И мораат да го слушаат

10. Ќе објасни дали откако си намигна со Обама уште се во контакт или тоа било само флерт

11.  Ќе и соошти на нацијата каде ќе оди на одмор

12. Се пензионира, да го оствари сонот да е учител во танцова школа



13. Нема да има прес, на грешка му се прицнало нешто