Ново

12 причини зошто претседателот Иванов ги избркал Зоран Заев и Никола Димитров од Вилата Водно

СКАНДАЛ, ШОК, ШОКОВА СОСТОЈБА, ШЛОГИРАЊЕ МАСОВНО! Претседателот на државата која уште не се вика Република Северна Македонија ги избркал премиерот на истата држава Зоран Заев и министерот за надрворешни работи Никола Димитров од неговата вила! Паника.бе истражуваше зошто тој се решил на ваков радикален чекор!

1. Му влегле со нечисти чевли, некултура

2. Кој оди на состанок во 10 часот кога нормален неработен свет уште спие?

3. Претеседателот е во ПМС, да му помине ќе им се извини

4. Дошле со бомбониера Дијана наместо Мерси. Непочитување кон институцијата претседател

5. Го прекинале на 74-то ниво на Кенди Краш и се изнервирал

6. Кур му е, двор му е. Негов дом, кој сака ќе прима


7. Средбата траела 120 секунди. Две минути. А како што вели народната “На паметниот и една му е доста“ што значи дека тие ја потцениле паметта на Иванов и со право биле избркани

8. Не му било средено дома. ги поканил да се вратат ко ќе среди

9. Побарале нескафе со шлаг и прелив и мрвици. Никој не сака да се дружи со такви луѓе

10. На черџето му пишува Кeep out, а овие не го испочитувале па јеби га

11. „Пушти ги, ако те сакаат ќе се вратат“

12. Последна информација - ги соблекле сепак чевлите ама им мирисале чорапите