12 прашања што се отвараат со името Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас демек постигнале догвор за деценискиот спор со името и ќе се викаме Северна Македонија, со што бил сочуван идентитетот и јазикот. Сепак овој договор отвара повеќе прашања отколку што дава одговори...
 
1. Ако Ципрас го смислил новото име тоа занчи дека треба да ни е кум и да си го почитуваме?

2. Кај се јужна, источна и западна Македонија и зошто ни фалат два три дела за да биде цела?

3. Дали МРТ (Македонска радио телевизија) сега ќе се вика СМРТ (Северномакедонска радио телевизија) пошто е малку језиво?

4. Премногу е тополо за да сме Северни. Можеби можеше нешто поприкладно?

5. Дали Македонската салата ќе се преименува?

6. Дали ова може да отвори спор со Северна Кореја и евентуален нивен нуклеарен напад врз нас? Иако ни смо ми те срече...

7. Над која држава во химната ќе се буди новото сонце на слободата?

8. Дали во крстозборите ќе не има како “Државата што порано беше позната како FYROM“ или “Државата што порано беше позната како Република Македонија“?

9. Метју Нимиц остана без работа и без егзистенција на стари години. Дали помисливте на тоа? Се разбира дека не, само на вас мислите...

10. Дали отсега “Едно име имаме“ ќе ја пееме како “Две имиња имаме и една привремена референца за надворешна употреба“? 

11. Истот е и со “Македонско име, нема да загине“. Дали загина и ако да кога е погребот?

12. Дали одсега ќе сме сиромашни во северномакедонски денари или ќе останеме сиромашни само во денари?