Кога на дечкото ќе му кажеш дека си на службен пат

Многу се зезнати овие спортски преноси и камери што снимаат во публика. Девојкава најверојатно на дечкото му кажала дека е на службен пат, ама изгледа испаднало дружбен пат.

9 причини зошто Ципрас не му се јави на Заев

Некои велат дека денес комуникацијата во 21-ви век е лесна, светот глобално село, а ние глобални сељаци. Сепак на премиерот Заев и неговиот грчки колега што би рекле сериозни новинари не им оди да се слушнат. Паника.бе истражуваше и дојде до можните причини зошто е тоа така.


1. Заев е на ВИП, имат снемано мрежа

2. Бојко Борисов е љубоморен, шо има Заев да се слуша со други премиери?

3. Роамингот е скап. Ко ќе оди Заев на одмор во Грција ќе се слушнат

4. Му пишал порака ама не му стигнала

Сите се прашуваат зошто?

5. Не се толку блиски, уште се пишат само на месинџер

6. Ќе му ѕвони на пијано, полесно ќе му е

7. Не сака да се слушнат, некогаш тишината зборува погласно од зборовите

8. Не му го знае Скајпот на Заев

9. Ципрас му ѕвонел ама телефонот на сајлент