Имигрант од Мали спасил детенце во Париз и добил државјанство

Мамудоу Гасама е имигрант од Мали кој на црно престојувал во Париз. Викендов со другарите сакал да гледа фудбал во еден локален кафиќ. Карши здогледал како едно детенце виси од тераса и во секој момент може да падне. Мамудоу не се двоумел ни миг. Се качувал спрат по спрат како Спајдермен и го спасил детенцето. Претседателот на Франција, Макрон, изјавил дека ќе му додели државјанство и работно место во противпожарна бригада доколку е заинтересиран за истото.