Ново

Фчерашни Новости ја затворија трета сезона

Со дел од најгледаните скечеви за изминатата година, вчера заврши третата сезона на најгледаната хумористично-забавна емисија во Македонија – „Фчерашни новости“. Повеќе од 450 видеа, милионски прегледи на „Фејсбук“ и „Јутјуб“, 4 нови хитови, 34 епизоди и неколку нови, а веќе легендарни ликови, екипата ја заокружува и оваа успешна година.

Двојникот, Арчи, Паки, Јелисалфета, Јоци, Јелена, Ацо, како и веќе добро познатите Ланчо, Дуци, Маја...се луѓето кои со нетрпение ќе ги очекуваме да се вратат на екраните од наесен.

Дотогаш, следете ја екипата на Бранко Огњановски на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и на „Јутјуб“ и потсетете се на најголемите хитови.

За оние што ја пропуштија, пак, ова е последната епизода на „Фчерашни новости“:

Гавраните знаат да зборуваат како луѓе

До сега се знаеше дека папагалите може да имитираат звуци па дури и зборови. Но гавраните биле далеку поуспешни во тоа од нив. Овој гавран прашува дали си добар и тоа со глас кој многу наликува на човечки.

Самир ја искрши колата

Индијци се натпреваруваат во возење рели по нерамен терен. Едниот од нив се вика Самир и изгледа ептен тазе има земено возачка дозвола.