Ново

Фчерашни Новости дознава како живее еден командант заборавен од Владата

Како живее еден командант заборавен од Владата? За овааа потресна приказна последни дознајте од новите „Фчерашни новости“. Следи 33, не лицето, туку епизодата, во која ќе гледате и:

* Зависник од предизборни програми ја отвори душата

* Неверојатно: Се појави нова банка во Македонија

* Интервју со владин претставник: Дојде живот!

Сезоната 3 на „Фчерашни новости“ се ближи кон својот крај. Затоа не ја пропуштајте еп.33 во недела од 20 часот на Телма и во живо на Фејсбук.

Најдоброто од сезона 9 на Еден на Еден

Со Игор Ангелов и Влатко Лозаноски - Лозано завршија студиските епизоди на Еден на Еден. Во наредните неколку недели следуваат Best of епизодите, во кои ќе се потсетиме на најдобрите моменти и гостувања од сезоната 9 на најгледаното македонско ток-шоу.

Во недела, ќе гледаме дел од гостувањата на Сашко Коцев и Солза и смеа, но и дел од најинтересните скечеви и обраќања до публиката.

Не го пропуштајте Најдоброто од сезона 9 секоја недела од 18:50 часот на Канал 5.

Како умре панкот

Порано постоеја панкери и постоеше панк музика, но таа изумре и премина во што и да е ова денес. „Секс пистолс“ нека не го гледаат видеово.

Ептен популар