Ново

Иван Исцелител знае зошто не се пласиравме во финалето на Евровизија

Македонија не успеа да се пласира во финалето на Евровизија по не знам кој пат. Што е причината најверојатно само Иван Исцелител знае.

Него за спортска да кажеше некоја сигурна, не ќе да беше лошо.

Игор Ангелов во Еден на Еден: И мајките ме знаат како Цветко

Со гостувањето на Игор Ангелов и Влатко ЛозаноскиЛозано, завршија студиските епизоди на Еден на Еден. До крајот на оваа 9 сезона на најгледаното македонско ток-шоу, во неколку епизоди ќе се потсетиме на најдобрите моменти и гостувања од изминатите месеци.

За неговата прва улога како млад принц во „Во светот на бајките“, преку Цветко и Коста, па се до Цобе од најновиот филмски хит „Година на мајмунот“, Ангелов имаше одлично гостување на каучот кај Жаре.

Лозано, пак, го најави својот нов албум „10“, насловен да го одбележи неговиот јубилеј од 10 години кариера.

За оние што не успеаја да ја гледаат премиерата на „Канал 5“, новата епизода веќе е достапна на „Јутјуб“.

Во недела, ќе се потсетиме на неколку од најдобрите скечеви годината, како и гостувањето на Сашко Коцев и екипата на „Солза и смеа“. Гледајте го Најдоброто од сезона 9 во недела 18:50 на „Канал 5“.

Ептен популар