Ново

Фчерашни Новости дознава кои се последните активности пред владината реконструкција

Третата сезона на „Фчерашни новости“ стигна до 32 епизода. Во неа, последни ќе дознаете:

* Каков диоптер носи портпаролот на Владата?

* Совети од нутриционист за летно тело

* Кои се последните активности пред владината реконструкција?

И оваа недела, не ги пропуштајте „Фчерашни новости“ во недела од 20 часот на Телма и во живо на Фејсбук. Сезоната е при крај, ќе ви биде криво. Останете така.

Игор Ангелов и Влатко Лозаноски во Еден на Еден

Некој го знае како Коста, повеќето како детективот Цветко, но годинава сигурно ќе го паметиме како Цобе, чуварот од скопската Зоолошка градина и новиот филмски хит „Година на мајмунот“. Во недела, во новата Еден на Еден, ќе гостува актерот Игор Ангелов.

За „Петко“, „Преспав“, Драмски, на каучот кај Жаре ќе слушнете доста анегдоти од омилениот актер на мајките.

Во вториот дел од емисијата, пак, Влатко ЛозаноскиЛозано ќе зборува неговиот личен јубилеј – 10 години кариера и се што се случуваше во изминатата деценија.

Ова ќе биде последна од студиските епизоди на Еден на Еден, а од следната недела ќе може да се гледаат компилациските епизоди со најдоброто од сезона 9.

Ептен популар