Ново

„Нахрани го својот ум“ со Бранко Огњановски, Снежана Лупевска и Жан Митрев

Акцијата FEED YOUR BRAIN со настан во Штип

„Нахрани го својот ум” со Бранко Огњановски, Снежана Лупевска и Жан Митрев

На 03 април во Мултимедијалниот Центар при Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, со почеток од 15 часот, ќе се одржи третиот настан од акцијата Feed Your Brain или „Нахрани го својот ум”, на кој како говорници кои ќе ги мотивираат и инспирираат младите од Штип и околината, се:

  • БРАНКО Огњановски - основач, режисер и сценарист на хумористичното ТВ шоу К-15, еден од основачите на К-15 продукција, креатор и уредник на порталот panika.be, и автор и извршен продуцент на ТВ емисијата „Фчерашни Новости"
  • СНЕЖАНА Лупевска Созен - најдобар новинар во истражувачкото новинарство во Македонија, автор и продуцент на емисијата „КОД", и уредник во ТВ Телма
  • ЖАН Митрев - најпознатиот и најдобриот кардиохируг во Македонија, основач, сопственик и главен менаџер на Специјалната болница „Клиника Жан Митрев"

Целта на акцијата „Нахрани го својот ум” е преку серија мотивациски говори на успешни, македонски личности од јавниот живот, бизнис секторот, здравството и уметноста, студентите да имаат можност директно да ги добијат одговорите на темите кои ги засегаат. Настаните се бесплатни и ќе се одржат на четирите универзитети во државата - „Кирил и Методиј“- Скопје, „Универзитет на Југоисточна Европа“-Тетово, „Гоце Делчев“- Штип и „Климент Охридски“ – Битола.

Модератор на сите настани ќе биде Жарко Димитриоски, автор и водител на најпопуларното Македонско ток шоу, „Еден на Еден“ и креативен директор во истоимената маркетинг агенција.

Сите заинтересирани за настанот на 03 април, може да се пријават на следниот линк: клик тука

Акцијата „Feed your brain“ е реализирана од маркетинг агенцијата „Еден на Еден” во рамките на иницијативата „Мрдни со прст”.

Мрдни со прст е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.

Повеќе информации за Мрдни со Прст се достапни на www.mrdnisoprst.mk, како и на Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst

Солза и смеа и Пепи Мирчевски во Еден на Еден

Битолска инвазија неделава во Еден на Еден. Покрај комичарот Марјан Ѓорѓиевски, кој му прави друштво на Жаре во текот на цела 9 сезона, во недела ќе гледаме уште неколку одлични битолски ликови.

Петар Мирчевски, актерот кој сме го гледале во многу македонски, но и балкански филмови, како и во преку 150 престстави, ќе зборува за својата долга кариера, многуте анегдоти од Битолски театар, снимањето со Моника Белучи, Емир Кустурица, Ерик Кантона, Милчо Манчевски и многу други, а ќе даде и одговор на прашањето – ќе има ли серија „Пепи и Муто“?

Саше Димитровски и Никола КумбачевскиКумба од „Солза и смеа“, пак, ќе зборуваат за едни од најгледаните македонски скечеви на „Јутјуб“, проблемите со Исламската верска заедница и поранешниот градоначалник на Битола, претставите, публиката...

Не ја пропуштајте Еден на Еден во недела од 18:50 на Канал 5.