Ново

FEED YOUR BRAIN – мотивација за студентите од светски калибар

По примерот на многу светски настани на кои свои говори имаат луѓе кои имаат што да кажат, од 13 март започнува акцијата „Feed your brain“, реализирана од маркетинг агенцијата “Еден на Еден” во рамките на иницијативата „Мрдни со прст”.

Настаните се бесплатни и ќе се одржат на четирите универзитети во државата - „Кирил и Методиј“- Скопје, „Универзитет на Југоисточна Европа“-Тетово, „Гоце Делчев“- Штип и „Климент Охридски“ – Битола.

Преку серија мотивациски говори на успешни, македонски личности од јавниот живот, бизнис секторот, здравството и уметноста, студентите ќе имаат можност директно да ги добијат одговорите на темите кои ги засегаат.  

Првата средба од акцијата „Feed your brain“ е закажана во амфитеатарот на Правниот факултет при универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје на 13 март во 17.30 часот, а говорници се:

∙  Катарина Ивановска – најплатениот и најпознат македонски топ модел

∙ Слободан Лазаревски – шеф на одделот за асистирана репродукција при клиниката за гинекологија на болницата „Аџибадем Систина“

∙ Нина Ангеловскa - Генерален менаџер на првиот веб сервис за групно онлајн купување во Македонија, Grouper.mk

Модератор на сите настани ќе биде Жарко Димитриоски, автор и водител на најпопуларното Македонско ток шоу, Еден на Еден и креативен директор во истоимената маркетинг агенција.

Мрдни со прст е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.

Повеќе информации за Мрдни со Прст се достапни на www.mrdnisoprst.mk, како и на Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst

Линк за пријавување:

https://goo.gl/forms/42vY12FjuqY50h762

Фчерашни на терен: Како изгледа прв ден на работа после 10 години стаж

Фчерашни Новости во најновата епизода излегоа на терен за да дознаат како изгледа прв ден на работа после 10 години стаж. Фчерашни се вклучија во прес конференција на Владата, погледнете за што разговараа со Пиарот. Фчерашни на терен дознава какви акции спроведува МВР. Се ова и многу повеќе во новата епизода на Фчерашни Новости.