Ново

Фчерашни ексклузивно се вклучи во прес-конференција на Владата

Евтина струја и нова епизода на „Фчерашни новости“. Што треба повеќе во недела навечер? Следи 24 епизода на најгледаната хумористична емисија. Во неа последни ќе дознаете:

- Возбудлива акција на македонската полиција

- Човек со 10 години стаж првпат на работа!

- Ексклузивно вклучување од прес-конференција на Владата

Не ја пропуштајте и оваа епизода на Фчерашни новости. Недела 20 часот на Телма телевизија и во живо на нивната Фејсбук страница.

Влатко Стефановски во Еден на Еден

Оваа недела во студиото на Еден на Еден гостува единствениот Влатко Стефановски. На каучот кај Жаре, Стефановски зборува за неговиот последен проект, албумот „Мајчин јазик“ и концертите кои следуваат во Македонската филхармонија. Покрај тоа, ќе го видиме и во едно поинакво светло. Стефановски зборува за религија, за Скопје, за неговите патувања, неговиот најверен фан од Норвешка...

Не ја пропуштајте Еден на Еден со Влатко Стефановски оваа недела 18:50 часот на Канал 5.