Ново

10 најжешки модели на патики за оваа пролет!

Почнува сезоната на патики, а најголемите светски брендови објавуваат и по неколку различни дизајни за само еден викенд. Со цел да ви помогнеме околу изборот на суперкул патики, направивме селекција од 10 модели кои со сигурност ќе бидат хит оваа пролет во Светот!

Подолу може да ги видите патиките, цената како и тоа од каде можете да ги набавите.

Adidas Prophere

На почетокот на новата година, во Лондон, Париз, Берлин и Њујорк, Adidas ги промовираше adidas Prophere – револуционерен модел за кој критиката смета дека претставува почетокот на новата ера на улична мода. Футуристичен, модерен изглев и одличен перформанс.

Adidas Iniki Runner

Со сигурност еден од најдобрите модели за 2017та и 2018 – кога комбинацијата на vintage стил и комфортот кој BOOST техологијата го овозможува се спојуваат, многу јасно е зошто Adidas Iniki е еден од најбараните и најпопуларните модели во моментов.

Adidas UltraBoost Triple Grey

Омилени кај спортските супер-ѕвезди, модните икони и супер-популарни по социјалните мрежи – супер-футуристичен дизајн и перфектна амортизација и комфор благодарение на boost технологијата на Adidas. За време на својата последна турнеја, Kanye West ги носеше на скоро секој концерт.

PUMA Suede Platform Rugged WN’S

Омилените патики на Rihanna се достапни и во Македонија. Моделот на обувки кој PUMA ја направи популарна, сега со платформа за импактен а сепак класичен стил. Puma Suede Platform е фантастична фузија помеѓу моден и спорстки стил.

Adidas Gazelle Red e оригиналната варијанта на Gazelle патиките кои се дел од омилените патики на љубителите на уличните модни трендови од Париз до Њујорк. Ова е оригиналниот дизајн од 1991 година во црвен велур, но како викаат – “моделот што победува, не се менува”

Adidas Ultraboost Uncaged Core

Ultra Boost се најсофистицираните патики за трчање во светот во моментов. Сите најголеми технолошки достигнувања поврзани со обувки се инкорпорирани во овој супер-кул модел нa Adidas.

Adidas X Pharrell Tennis HU

Покрај тоа што не старее, Фарел Вилијамс е виновен за дизајните на најкул моделите на патики во последно време. Музичар, уметник и модна икона – кога станува збор за вкус, на Фарел може да му се верува – Adidas Tennis Human Race e моделот кој е производ на последната соработка на Adidas со Pharrell Williams.

Adidas Stan Smith е модел на патики кој едноставно мора да го имате. Тие што купиле еднаш, ги купуваат пак и пак, а тие што не ги пробале до сега, дечки, крајно време е да си ги набавите.

PUMA Basket Heart Patent

Сигурно сте ги виделе на некој од новите видео-спотови на MTV. Овој модел на PUMA благодарение на специфичниот дизајн, ги освои срцата на многумина за многу брзо време. И ние ви ги препорачуваме Puma Basket Heart за оваа пролет.

Adidas Superstar 80’s Night Cargo

Night Cargo е варијација на безвременскиот класичен модел на брендот со три линии. Новиот Superstar 80's е е модел кој дефинитивно ви го препорачуваме за оваа пролет.

 

Денот на жената во Бистро Скопје ќе трае два дена

Зошто славењето на она што значи да се биде жена да трае само еден ден. Зошто да не се два?!

Забавата за Денот на жената во првиот вистински блуз и џез ресторан во Скопје, Бистро Скопје, започнува од 14 часот со Бојана Фабел Квартет. Комбинацијата на уникатниот глас на Бојана Фабел и извонредна храна по која Бистро Скопје е веќе познато, прават вистински почеток на празнувањето на 8 Март.

Од 21 часот истиот ден, по барање на редовните гости на Бистро Скопје, започнува настапот на Trio Gentlemen, момците со силни гласови и нежни срца.

Резервирајте маса на време во Бистро Скопје на 071/352-265 или во Чув де Чув на 078/520-552 или поминете на Аперол на шанк! Влезот е слободен.

Петокот, пак, е резервиран за концертниот настап на мајсторите на добриот звук - групата Фолтин. Уникатната звучна магија на Фолтин ќе Ве вовлече во вителот на љубовта и страста, надреалното и возвишената леснотија на постоењето во Бистро Скопје!

Бројот на места за концертот на Фолтин е ограничен, затоа резервирајте во Бистро Скопје на 071/352-265 или во Чув де Чув на 078/520-552.

Нека почне славењето на нејзиното височество - Жената

Како звучи дупка во Антарктикот?

Експедиција која врши ископување на Антарктикот фрлила парче мраз во една од дупките кои се користат за набљудување. Нема да ви се верува каков звук се прави во дупката.