Ново

Што ќе гледаме во новите Фчерашни новости?

Во недела во редовниот термин од 20 часот не ја пропушатајте новата епизода на „Фчерашни новости“.

Што точно ќе гледате во епизодата 23 од третата сезона на пародичните вести? Екипата не ни открива! Знаеме само дека ве очекуваат 30 минути смеење и некоја скриена солза.

Доколку, пак, ве интересира дали името е сменето, велат – уште не!

Гледајте „Фчерашни новости“ во недела 20 часот на „Телма“ и во живо на нивната официјална страница на „Фејсбук“. Следете ја екипата и на „Инстаграм“.

Тони Михајловски во „Еден на Еден“

Отворено, искрено и секако – опуштено интервју ве очекува оваа недела од 18:50 на Канал 5 кога за првпат ќе го гледаме Тони Михајловски во „Еден на Еден“.

Михајловски зборува за улогата во хит серијата „Сенки над Балканот“ и за новото искуство како режисер. Тој одговара и колку неговата гласност на социјалните мрежи и политичка определеност му одмогнале во професионалниот живот и за, како што вели, двојните аршини на јавноста. Жаре не пропушти да го праша и за „Опуштено“, за неговиот приватен живот, за детството и студентските денови...

Сѐ на сѐ, ве очекува еден одличен разговор со единствениот Тони Михајловски. Затоа не ја пропуштајте „Еден на Еден“ и оваа недела од 18:50 на Канал 5.

Морон на свадба

Зошто не треба да каниш морони на свадба, а уште помалце да ги пуштиш да пукаат со калаш. И после беља, епа беља.