Ново

„Фчерашни новости“ и „Еден на Еден“ повторно со „Златна бубамара за популарноста“

На синоќешното 21. по ред доделување на „Златна бубамара на популарноста“, повторно беа наградени емисиите „Фчерашни новости“ и „Еден на Еден“.

Водителот Жарко Димитриоски ја подигна наградата заедно со организаторот на емисијата Владо Оцевски. Сакајќи да им заблагодари на сите кои учествуваат во креирањето на најгледаното ток-шоу, Димитриоски со рап песна ги изрецитира имињата на 30-тината соработници и креатори на „Еден на Еден“.

Ова е трето признание за најдобра телевизиска емисија за „Еден на Еден“, која веќе девет години е дел од македоскиот етер. Сезонава емисијата беше домаќин на неколку екслузивни имиња меѓу кои и американскиот амбасадор Џес Бејли, министерот за надворешни работи Никола Димитров, Кирил Поп Христов- Кили, Сашко Коцев и многу други.

Наградата за забавно-сатирична емисија во името на „Фчерашни новости“ ја прими ѕвездата на третата сезона, Бојан Арсовски, попознат како „Двојникот на Груевски“. Екипата во полн состав се појави на сцената во „Борис Трајковски“, а го изведоа и нивниот последен хит „Киснам во архив“.

Пародичните вести се дело на Бранко Огњановски, а емисијата веќе две години е вистински телевизиски хит. Ова е второ признание за најдобра телевизиска забавно сатирична емисија за „Фчерашни новости“.

Новата хит-песна на Дани Димитровска доби видеоспот (ВИДЕО)

„Да Заборавам" е песна под реден број седум од неодамна излезениот нов албум на познатата пејачка Дани Димитровска - насловен како  „Град За Љубов". 
 
После успешната промоција на албумот во ноември минатата година, Дани продолжува со реализирање на видеа за песните од албумот. Режисер на видеото „Да Заборавам" е на Дејан Матиќ - Део со техничка поддршка од Чочо.
 
- „Да Заборавам" е акустична љубовна изјава, разговор со себе. Не постои дефиниција, нека си ја доживее секој во своја верзија. Мојата „верзија" за оваа песна е дека ми е хит. Во срцето...  изјави Димитровска.