Ново

Фчерашни Новости во живо од протестот во Радовиш

Неделата навечер е резервирана за нова доза на „Фчерашни новости“. Професионалната, независна и храбра новинарска екипа за неделава ви подготви:

- Приказна за едно семејство

- Фчерашни во живо од протестот во Радовиш

- Интервју со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ

- Нова Фчерашни дебата

Не ги пропуштајте новите „Фчерашни новости“ оваа недела од 20 часот на „Телма“ и во живо на нивната официјална страница на Фејсбук.

„Наше маало“ и Викторија Лоба во Еден на Еден

Осумнаесет години од почетокот на снимањето на култната детска серија, Жаре во новата „Еден на Еден“ собра дел од екипата на „Наше маало“. Каде се и што прават денес Мали, Дарко, Филис и останатите ликови со кои растевме, дознајте во недела на Канал 5.

Во Еден на Еден не ја пропуштајте и Викторија Лоба, која отворено одговара на секое прашање од Жаре, па дури и на она „Кога ти беше третото сексуално искуство“.

Еден на Еден оваа недела од 18:50 часот на Канал 5.