Пежо на саемот во Женева ќе престави два нови модела и новата скулптура на Лав

На овогодишниот саем во Женева, кој ќе се одржи од 8-ми до 18-ти март, Peugeot ќе претстави два нови модела, Peugeot 508 и Концепт – Peugeot Rifter.

Исто така, Peugeot на саемот во Женева ќе ја претстави сосема новата скулптура на Лав со импресивни димензии која е дизајнирана од Peugeot Design Lab.

Оваа скулптура со себе носи цврсто впишана ДНК на Брендот и ја олицетворува гордоста на целиот Бренд, гордоста што Peugeot брендот го зголеми нивото на квалитет за да понуди квалитет без компромис.

– Дизајнерите создадоа иконичен, безвременски дизајн кај овој монументален Лав, со јасни и извајани површини. Неговите спектакуларни димензии го нагласуваат моќниот и непоколеблив карактер на Брендот. Позицијата на држење, стоејќи исправено и решително посегнувајќи нанапред но без агресија, пренесува ведрина и доверба во иднината, вели Жил Видал, главен и одговорен раководител за дизајн на Peugeot.