Ново

Премиерот Зоран Заев гостин во Фчерашни Новости

После долго време, господинот Зоран Заев, сега премиер на Република Македонија, гостин во Фчерашни Новости. Освен тоа, во најновата епизода ќе може да погледнете како реагираа пиратите на најавата дека градскиот татко планира да ги дислоцира галиите од Вардар. Покрај јазикот и идентитетот, од што друго не отстапуваат вистинските Македонци. Се тоа и уште бајаги други ствари во новата епизода на Фчерашни Новости.

Што да направиш ако другарите нонстоп ја сликаат храната

Има луѓе што претеруваат со сликање за на инстаграм. Кога и да искочиш, каде и да одиш, тие ја сликаат храната. Епа момаков нашол начин како да ги научи на памет или никогаш повеќе да не искочат со него. Како и да е во ќар е.

Како да победиш расправија со родител што не сака да го вакцинира детето

Во последно време постои една група на родители кои ни под разно не сакаат да си ги вакцинираат децата, бидејќи вакцините не биле добри, не спречувале болести, предизвикувале други и крајниот аргумент, тие се родители и тие знаат што е најдобро за нивните деца. Епа еве едно видео кое е убаво да го изгледате ако налетате на некој таков родител.