Ново

Фчерашни Новости ексклузивно дознава како Скопје ќе се прости од пајтонот

Веќе 20 недела по ред од почетокот на третата сезона, екипата на „Фчерашни новости“ се труди последни да дознаеме. Во неделната епизода, пародичните вести ви ги носат настаните од изминатата недела.

Во неа ќе гледате:

- Ексклузивно: Метрополата ќе се прости од градскиот пајтон

- Откриваме: Како се игра руски рулет во Македонија?

Недела од 20 часот не ја пропуштајте новата епизода на „Фчерашни новости“ на „Телма“ или во живо на нивната официјална страница на „Фејсбук“. Останете така.

МАМА МИА: Шест на еден во „Еден на Еден“

Дел од актерската екипа на хит-мјузиклот на МНТ,  „Мама миа“, гостуваат во новата епизода на „Еден на Еден“. Во недела, не ги пропуштајте Тања Кочовска, Биљана ДрагиќевиќПројковска, Арна Шијак , Нина Дејан, Кире Ѓоревски и Никола Наковски.

За првпат, шест гости седнаа на каучот спроти Жаре. Зошто да ја погледнете „Мама миа“, какви се ангегдоти се случувале на сцената на македонските театри и што имаат да кажат актерите за мешањето на политиката со уметноста.

Од „Еден на Еден“ најавуваат многу весела епизода полна со смеење и пеење. Новата епизода гледајте ја оваа недела од 18:50 часот на Канал 5. „Мама миа“ во „Еден на Еден“!