Ново

Фчерашни дознава како изгледа првата неработна акција во Македонија

Нова епизода на најгледаните пародични вести! Во недела, веднаш после ракометот, гледајте ја 18-тата епизода на „Фчерашни новости“. А, во неа:

- Како изгледа првата неработна акција во Македонија?

- Ексклузивен разговор со генијалец заборавен од државата

- Кој сѐ ќе аплицира на огласот во МЕПСО?

Фчерашни новости“ и неделава се во подоцен термин од вообичаеното поради Европското првенство во ракомет. Гледајте ги во недела од 22 часот на „Телма“ и во живо на нивната официјална страница на „Фејсбук“.

НАСА откри македонски звуци кои доаѓаат од Сонцето?

Обсерваторијата на НАСА која го набљудува Сонцето забележа несекојдневен момент. Сонцето испушта звуци кои се предлабоки за човековото уво да може да ги регистрира, меѓутоа кога снимката ќе се убрза се добива нешто несекојдневно.

Еден на Еден специјал: Кили отворено за својата животна драма

Оваа недела во 18:50 часот на „Канал 5“ телевизија ве очекува специјал-издание на „Еден на Еден“, во кое гостува легендарниот Кирил Поп ХристовКили.

Жаре и Кили зборуваа за многу работи. За неговата несреќна судбина кога беше уапсен пред неколку години, за неговото „бегство“ во далечниот  Еквадор, за животот таму, за лекувањето на страшната болест, за тоа кој му помогнал, од кого се разочарал и уште многу, многу интересни приказини кои ќе го задржат вашето внимание.

Затоа, не го го пропуштајте овој специјал на „Еден на Еден“.  Недела, 18:50 часот на „Канал 5“ телевизија, бидејќи Кили е еден и единствен.