Ново

За првпат - Македонци на листата "Forbes 30 Under 30"

На 22 јануари, со гала коктел во познатиот клуб 100 Wardour St. во Лондон, Forbes ја објави листата „30 Under 30 Europe” која истакнува 300 најдобри претприемачи, лидери и иноватори од Европа во 10 индустрии. Помеѓу избраните има претставници од 34 држави, меѓу кои славни личности како Дуа Липа, Рита Ора, актери од серии како Game of Thrones, Stranger Things итн, а најважно од сè, Македонија има дури двајца претставници - Нина Ангеловска од Grouper.mk и Жарко Димитриоски од Еден на Еден.

Нина Ангеловска, 29, коосновач на Grouper.mk е одбрана меѓу 30те најдобри во Retail & eCommerce.

Во 2011 година, на 21 годишна возраст Ангеловска победи на натпревар за најиновативен бизнис план и неколку месеци подоцна го лансираше Grouper, првиот сервис за групно купување во Македонија кога само 1% од македонците купувале онлајн. Grouper денес има повеќе од 2500 соработници и над 170.000 регистрирани корисници. Нина е доктор на на науки, говорник на многу настани, предавач, тренер и консултант во полето на маркетинг и е-трговија. Во 2016 година Ангеловска беше препознаена како една од 100 жени основачи во Европа од страна на германскиот магазин TheHundert.

Жарко Димитриоски, 28, коосновач на маркетинг агенцијата Еден на Еден и познат ТВ водител е одбран меѓу 30-те највлијателни во Media & Marketing.

Жаре ја основаше маркетинг агенцијата заедно со својот брат во 2012 година и оттогаш истата станува една од ретките домашни агенции која нуди комплетно портфолио маркетинг услуги. Помеѓу нивните клиенти се вбројуваат некои од најголемите домашни компании, како и повеќе интернационални клиенти. Жарко во декември ја доби и наградата за претприемач на годината 2017 во Македонија од Сојузот на Стопански Комори, Министерството за Економија и МРФП.

Листата за сите 10 категории може да ја погледнете тука https://www.forbes.com/30-under-30-europe/2018/

Главниот извршен директор за содржини и уредник од Forbes, Rendall Lane, на самиот настан истакна дека оваа година имале преку 20.000 номинации од кои се одбрани најдобрите 300. Воедно им порача на одбраните да бидат горди дека ова е најпрестижниот клуб на млади луѓе во Европа, во кој е најтешко да се влезе.

Колку се реални филмовите базирани на вистинска приказна?

Во Холивуд понекогаш се снимаат филмови кои се базираат на вистинска случка од минатото. Режисерите внимавале до најмала ситница за да се совпадне приказната. Видеово е споредба меѓу извадок од историски запис за случката и како таа била претставена во филмот. Просто неверојатно.

Најчудниот автогол во било кој спорт

Во ракометот не е неочекувано некој да даде гол откако топката ќе се одбие од нечиј газ, но во хокејот е тотално неочекувано. Во случајов пакот се закачи помеѓу пантолоните и дресот на голманот, кој не знаеше каде е и лагано си се намести на гол линијата, со што го внесе пакот во гол. Почуден гол во хокеј до сега немало.