Што и се случи вчера на Германија?

Германија успеа да извлече нерешено против Македонија на вчерашниот натпревар во ракомет. Реакцијава на германската навивачка отприлика опишува што им се деси на Германците.

Бистро Скопје стана вистински скопски хит!

Зошто луѓето веќе три недели по ред го полнат Бистро Скопје? Затоа што одамна Скопје не видело ваква уникатна спојка од врвна музика и специјалитети од реномирани шефови! Омилената дестинација за ручек и вечера полека, но сигурно се претвора во топ место за уживање во маестрални џез стандарди.

Концертите продолжуваат овој петок и сабота (19-ти и 20-ти јануари) со Marija Jazz Quartet предводен од импресивниот џез вокал со огромно искуство Марија Димитријевиќ, заедно со докажаниот Дамир Имери, Кирил Кузманов, Трајче Велков и најдобриот млад џез музичар за 2017-та Виктор Филиповски.

Резервациите одат стандардно, со јавување во Чув де чув на 078 52 05 52 или на chuvdechuv@gmail.com, кои заедно со Бистро Скопје се организатори на овие вечери кои едноставно не смеат да се пропуштат.

Мора да побрзате и да резервирате место веднаш за уживање во ова уникатно искуство кое ретко кога може да се почувствува кај нас.

Во прилог и пар слики од атмосферата минатиот викенд..