Фчерашни Новости открива како е да се биде репортер во Фчерашни Новости

По повеќе од 50 епизоди, „Фчерашни новости“ конечно си посветуваат епизода за нив и насушната новинарска работа во Македонија.

Во недела, во новите „Фчерашни новости“ последни дознајте:

- Зошто е ризично да се биде репортер на терен?

- Тешка ли е новинарската професија?

- Како е да се биде репортер во „Фчерашни новости

Пародичните вести овојпат ќе ги гледаме малку подоцна од вообичаениот термин. Епизодата 16 од третата сезона гледајте ја во недела по ракометот во 22 часот на „Телма“ и во живо на нивната официјална страница на „Фејсбук“.