Ново

Фчерашни Новости со ретроспектива на настаните кои ја одбележаа 2017

Која беше девојката што на тарот карти ги предвиде сите настани за 2017 година? Што се случуваше оваа пролет во Македонија? Потсететете се на најгледаните видеа и прилози на екипата на „Фчерашни новости“ за изминатата година. Во божиќната епизода на пародичните вести, гледајте ја ретроспективата на настаните кои ја обележаа 2017-та.

Епизодата 15 од третата сезона на „Фчерашни новости“ гледајте ја во недела, 7 јануари, веднаш по вестите на „Телма“ телевизија. Епизодата ќе може да се следи и во живо на нивната официјална страница на „Фејсбук“.

Како звучат најпознатите детски евергрини после 20 години во Божиќниот специјал на „Еден на Еден“

Во недела во 18:50 часот на „Канал 5“ телевизија ќе имате можност да го погледнете Божиќниот специјал со детски евергрини во најгледаното ток-шоу „Еден на Еден“.

Кои се, каде се и што прават девојчињата кои пред 15-20 години ги испеаа најпознатите детски песнички како што се: „Ех, тој Тоше“, „Дувна ветре развигорче“, и уште неколку други, ексклузивно во Божиќниот специјал на „Еден на Еден“.

Да се потсетиме на едни убави и безгрижни времиња. Недела, 18:50 часот на „Канал 5“ телевизија.