Ново

Кој е крив за земјотресите?

За време на емисијата „Збор по збор“ на Алфа телевизија настана еден земјотрес. Повпечатливо од земјотресот беше гледачот кој се јави за да објасни кој е крив за земјотресите. Добро е што во вакви моменти луѓето не ја изгубиле смислата за хумор.

Како учениците во Јапонија се подготвуваат за земјотрес

Јапонија важи за земја со најмногу земјотреси и поради тоа властите се грижат населението да е секогаш спремно во случај да настане земјотрес. Во училиштата има неделни вежби каде на децата им се кажува како да постапуваат. Ова е видео од една таква вежба. Не би било лошо кога и вакви вежби би се вклучиле и во нашата едукативна програма.

Маргот Роби ќе ве научи да зборите австралиски

Маргот Роби, која стана позната по улогите во филмовите „The Wolf of Wall Street“ и „Suicide Squad“, е австралиска глумица која ќе ве научи да зборувате австралиски дијалект како да сте родени таму. Иако може да знаете англиски, сепак некои зборови ептен се разликуваат, особено кога се работи за уличен говор.